На 07.10.2024 во 00.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.Б.(43) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка С.Д.(23).
На 07.10.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник К.П.(17) од Скопје, кој ѝ претходно се оддалечувал и бил враќан.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.