Хроника

Полицијата спречи обид за убиство на девојка, уапсен поранешниот партнер и уште едно лице

Набргу, полициски службеници пристигнале на местото, извршен е преглед на лицата, а во ормарот за чевли пронашле пиштол без рамка. Извршено било и алкотестирање и кај Л.Г. биле измерени 3,3 промили алкохол во крвта, по што двајцата се лишени од слобода.

Полицијата спречи обид за убиство на девојка, уапсен поранешниот партнер и уште едно лице

Полициски службеници од ОВР Гевгелија денеска ги лишиле од слобода Ј.Г. и Л.Г. од Гевгелија.

-Имено, во 14:42 часот, М.П.(25) од Гевгелија пријавила дека влезната врата од нејзиниот дом тропале нејзиниот поранешен партнер Ј.Г., кој користел отсуство од Казнено-поправна установа, заедно со Л.Г., и се заканувале и притоа слушнала репетирање на огнено оружје, информира МВР.

Набргу, полициски службеници пристигнале на местото, извршен е преглед на лицата, а во ормарот за чевли пронашле пиштол без рамка.

Извршено било и алкотестирање и кај Л.Г. биле измерени 3,3 промили алкохол во крвта, по што двајцата се лишени од слобода.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 386 од Кривичниот законик.

To top