Хроника МВР

Полицајци извршија претрес во дом на дилер во Кисела Вода: Поради тоа што го најдоа тој веднаш доби притвор

При претресот пронајдени се 32 кесички со марихуана, 12 таблети, девет кесички со бела грутчеста материја, еден тањир во кој имало  две грутки бела материја и  бела прашкаста материја.

На 17.10.2024 од страна на полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија по наредба  од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес на дом на С.Р. (43) во Скопје, на територија на Кисела Вода.

При претресот пронајдени се 32 кесички со марихуана, 12 таблети, девет кесички со бела грутчеста материја, еден тањир во кој имало  две грутки бела материја и  бела прашкаста материја.

СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка до ОЈО, а судија на претходна постапка на С.Р. му одреди 30 дена притвор.

To top