Хроника ОВР Пробиштип

Полицаец си пукал во рака додека го чистел службениот пиштол

Тој бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Полицаец си пукал во рака додека го чистел службениот пиштол

На 25.10.2024 околу 21:30 часот било пријавено дека во стражарска просторија лоцирана во кругот на ОВР Пробиштип, полициски службеник при чистење на службениот пиштол испукал еден куршум при што се повредил во пределот на левата дланка.

Тој бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Известен е јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.

To top