Хроника Трагедија

ПОЧИНА ВЕЛОСИПЕДИСТ: Скопјанец со товарно возило удрил во него- возачот приведен

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

ПОЧИНА ВЕЛОСИПЕДИСТ: Скопјанец со товарно возило удрил во него- возачот приведен

На 10.04.2024 во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје, товарно возило „мерцедес атего“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(41) од Скопје, удрило во велосипед управуван од А.Т.(68) од Скопје.

На местото на несреќата од здобиените повреди починал А.Т., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Возачот на товарното возило бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

To top