Денеска е извршена и обдукција на починатиот која ќе треба да даде појасна слика на истражителите, а телото е предадено на семејството.
Како што информираат од МВР, 24-годишниот Биљал бил најден од страна на полициски службеник на меѓународниот аеродром откако претходно, пожарникарите забележале пожар во индустриската зона Чојлија, а Биљал влегол на скопскиот аеродром со повреди од изгорениците. На службеникот му кажал дека бил насилно пренесен со возило од населбата Ченто до Чојлија.
Според пријавата неколку лица со закана го натерале да се самозапали и избегале, а тој успеал самиот да го изгасне огнот од кој бил зафатен. Од МВР информираат дека се уште работат на расчистување на случајот.