На 28.12.2023 во 11.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Стево Теодосиевски“ во Кочани, А.Н. (24) од Кочани отворајќи ја вратата од своето паркирано патничко моторно возило „фолксваген пасат“, ја турнал М.М.(73) од Кочани, информира МВР.
М.М. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Кочани.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.