Хроника едниот со тешки повреди

Охриѓанец со автомобил удрил во двајца малолетни пешаци

Охриѓанец со автомобил удрил во двајца малолетни пешаци

На 21.02.2024 во 15.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„7 Ноември“во Охрид, патничко возило „југо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(55) од Охрид, удрило во двајца малолетни пешаци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден од малолетниците, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

To top