На 11.11.2023 во 07 часот, во СВР Охрид приведени се М.Б.(42), А.Ф.(42) и Ц.Б.(42), сите од Охрид.
Тие се сомничат дека, истиот ден околу 03 часот, во казино во Охрид, физички го нападнале Ф.Т.(28) од Охрид.
По консултација со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.