Охриѓанецот Р.Ј. (61) вчера попладне се здобил со повреда од куршум во потколеницата.
Од СВР Охрид информираат дека несреќата кај нив била пријавена во 17:35 часот, а се случила во месноста „Горни Друм“, атар на охридското село Свињишта,
-Р.Ј.(61) од Охрид бил пренесен во Општата болница во Охрид за укажување на лекарска помош, велат од охридската полиција.
Се работи на целосно расчистување на случајот.