СВР Струмица поднесе кривична пријава против Е.М.(38), А.Ф.(18), А.М.(18) и еден малолетник, сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
На 16.06.2024, по претходно нарушени меѓусебни односи, второпријавениот физички го нападнал Е.И.(23).
Истиот ден пријавените насилно влегле во неговиот дом, физички го нападнале и му нанеле повреда со нож.