На 20.12.2025 во 05:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат с.Оризари – с. Прибачево, кочанско кај место викано „Бели бандери“ патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки управувано од В.С.(25) од с. Прибачево излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Ј.(25) од с. Прибачево и уште двајца малолетни сопатници, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општата болница Кочани.
Кај возачот утврдено е дека истиот го управувал возилото под дејство на алкохол односно му биле измерени 1,39 промили алкохол во крвта.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кочани.