На 09.06.2024 во 21:15 часот во СВР Скопје, С.Т.(19) од Скопје пријавил дека во дворното место на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје бил физички нападнат од А.А., кој употребил и тврд предмет.
Подоцна, З.А.(55) од Скопје, исто така, пријавил дека околу 20:30 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје бил физички нападнат од С.Т.(19).
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.