Хроника

НЕ ПОЧИТУВАЛ СУДСКА НАРЕДБА: Приведен жител на неготинско село, се заканувал на мајката и братот

Оттаму информираа дека З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

НЕ ПОЧИТУВАЛ СУДСКА НАРЕДБА: Приведен жител на неготинско село, се заканувал на мајката и братот

Неготинец е лишен од слобода бидејќи не почитувал судска забрана и им се заканувал на мајка си и братот, информираа денеска од СВР Велес.

– Синоќа во 20 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А.(27) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 28-годишен брат, според која тој не го почитувал решението од Основен Суд Неготино со мерка забрана за приближување и влегување во домот, па дошол во домот и им упатил закани на пријавителот и нивната мајка, појаснија од СВР Велес.

Оттаму информираа дека З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

To top