Хроника

Приведен битолчанецот кој со нож се закануваше на „Широк сокак”

Приведен битолчанецот кој со нож се закануваше на „Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола, затоа што претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија, информира МВР.

По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница.

To top