Нов ден, нова неславна статистика во билтенот на МВР. Тројца приведени поради „Безобзирно управување со моторно возило“.
Еден од нив е во Кичево, лице кај кое при направена контрола било констатирано дека има големо количество на алкохол во крвта.
На 08.03.2025 година во 23.18 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, бил лишен од слобода З.Р.(31) од Кичево.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски таблички управувано од З.Р. и по преземени мерки, констатирале дека тој бил под дејство на алкохол, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „Безобзирно управување со моторно возило“.
Другите двајца се лишени од слобода на магистралниот пат Кичево – Охрид и во близина на с.Крупиште.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ без регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, соопштија од МВР.
Исто така, на 09.03.2025 во 18.00 часот во близина на с.Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ч.С.(63) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, и притоа констатирале дека тој е под дејство на алкохол и веднаш го исклучиле од сообраќај.
По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.