На 28.11.2023 година, СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.С.(45), А.Т.(24) и П.Б.(23), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Тие, на 12.11.2023 година, на паркинг простор пред угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, физички ги нападнале Б.Ј.(28) и Д.Ј.(34) од Охрид.