Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесена кривична пријава против С.Н.(41) од Крива Паланка порaди постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ при семејно насилство.
На 17.08.2024 во семејната куќа во Крива Паланка, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга и нивните малолетни деца.
При нападот на сопругата ѝ нанел тешки телесни повреди.