Хроника

Насилен инцидент во Крушопек, четири лица приведени – „заиграле“ и остри предмети

Вчера околу 21 часот, во скопското село Крушопек, полициски службеници од СВР Скопје привеле четири лица по пријава за насилен инцидент што се случил во дворот на магацин во соседното село Лака.

Од слобода биле лишени И.Д. (30), А.Д. (36), Б.Д. (65) и Н.Д. (42), сите жители на Крушопек. Според пријавата, тие физички го нападнале М.Н. (50) од истото село, како и неговиот брат и син, при што биле користени и остри предмети.

Во полициското соопштение се наведува дека нападнатите лица возвратиле на нападот, по што на местото на настанот интервенирала полиција.

СВР Скопје информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Теми на денот

To top