Хроника СВР Охрид

Наместо да седи во куќен притвор, охриѓанец шетал – кај него најден кокаин

При контроли, извршени на 07.03.2025, полициските службеници утврдиле дека тој, не се придржувал кон решение од Основен суд во Охрид со кое му е одредена мерка „куќен притвор“, туку го напуштал својот дом.

Наместо да седи во куќен притвор, охриѓанец шетал – кај него најден кокаин

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Д.(49) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неизвршување судска одлука“.

При контроли, извршени на 07.03.2025, полициските службеници утврдиле дека тој, не се придржувал кон решение од Основен суд во Охрид со кое му е одредена мерка „куќен притвор“, туку го напуштал својот дом.

При претрес, извршен во простории на булеварот „Железничка“, кои ги користел, пронајдени и одземени се девет паковки со кокаин, по што е извршена промена на решението од куќен во активен притвор и тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Битола.

To top