Хроника с.Бразда, скопско

Најдена регистарска табличка која му припаѓа на исчезнат велешанец, била до опожарен автомобил

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најдена регистарска табличка која му припаѓа на исчезнат велешанец, била до опожарен автомобил

На 27.11.2023 било пријавено дека во 15:40 часот во с.Бразда, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Мирковци пронашле целосно опожарено патничко возило.

До возилото била пронајдена регистарска табличка со велешка ознака, за која, по извршени проверки, било констатирано дека припаѓа на патничко возило „цитроен“, сопственост на П.Ж. од Велес, за кој на 24.11.2023 во СВР Велес беше пријавено дека се оддалечил од домот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top