На 03.12.2025 на Граничниот премин „Белановце“, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.Б.(48) од Р.Косово, затоа што при гранична контрола било констатирано дека за него била распишана меѓународна потерница од Интерпол-Швајцарија.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.