Министертвото за внатрешни работи вечерва соопшти детали за сообраќајната незгода што денеска се случи меѓу воз и автомобил на железничкиот премин кај скопско Зелениково.
Информираат дека случајот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје е пријавен во 18:10 часот и дека полициските екипи веднаш се упатиле на местото на настанот.
-Незгодата се случи кај селото Зелениково меѓу патничко возило ‘тојота‘ и воз. Возилото е управувано од Ж.М.К. (51) од Скопје, а возачот на возот е С.М., велат од МВР.
Во незгодата, како што велат од полицијата, нема повредени лица.