На 10.05.2024 во 23.18 часот во СВР Скопје В.Л. од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот на Кеј „Димитар Влахов“, во близина на објектот на МАНУ во Скопје едно лице влегло во неговото патничко возило и со закана со оружје му побарало пари.
Потоа двајцата со возилото од лицето се упатиле кон банкомат, каде лицето со платежните картички од пријавителот се обидело да извади пари, но не успеало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.