Денеска (14.10.2024) околу 18:10 часот од ГОБ „Св.Н. Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека во болницата бил донесен повреден Е.А. (35) од Скопје, со прострелна рана во ногата.
-Повредениот бил донесен од страна на неговиот брат, кој појаснил дека додека Е.А. се движел пеш по ул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје му се приближило едно лице кое му пукало во ногата, најверојатно поради должничко-доверителни односи, соопштија од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.