На 20.01.2026 во 14:58 часот во с.Јанковец, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода А.Г.(41) од с.Јанковец.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило под дејство на алкохол, односно дека има 2,43 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.