На 01.07.2025 во 20.15 часот во СВР Велес е пријавено дека на крстосница од ул. „Благој Ѓорев“ со ул. „Невена Георгиева- Дуња“ во Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Х.Т.(44) од Велес и мотоцикл „априлија“ со велешки регистарски ознаки, управуван од В.С.(32) од Велес, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Општа болница Велес.
Увид на местото изврши увидна екипа од СВР Велес.