Хроника

Мотоциклист тешко повреден, се судрил во товарно возило

Мотоциклист тешко повреден, се судрил во товарно возило

Моторциклистот се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај с.Доброште

Во несреќата, како што информира МВР, учествувале товарно возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(49) од с.Голема Речица, и моторцикл „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ќ.П.(50) од с.Доброште.

Со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот кои биле констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

To top