На 30.07.2024 во 00:30 часот во Градски парк во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле Ѓ.Ј.(20) од Велес.
Откако ги забележал полициските службеници, тој фрлил пакување со зелена тревкаста материја, која била пронајдена во негова близина.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.