19-годишен Албанец со туѓ пасош сакал на мине на еден македонски граничен премин.
– На 16.09.2024 во 23.00 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го привеле К.С.(19) од Република Албанија затоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека лицето приложило туѓа патна испарава. Тој бил предаден на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово за понатамошна постапка, соопштија од полицијата.