На 21.05.2025 околу 11 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Х.Ј.(34) од Република Турција.
При гранична контрола и проверка во возилото „фолксваген“ со германска национална ознака, кое го управувал, пронајдена и одземена е марихуана.
Лицето е приведено во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.