ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.П.(43) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 14.03.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и дигитална вага со остатоци од хероин, додека при преглед кај него биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и валути.