Хроника Гази Баба

Маж нападнал полицаец, жена попречувала да го приведат

Првопријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, додека второпријавената ги попречувала полициските службеници кои преземале мерки за приведување на првопријавениот.

Маж нападнал полицаец, жена попречувала да го приведат

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Ј.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и против И.Ј.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На подрачјето на Гази Баба, првопријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, додека второпријавената ги попречувала полициските службеници кои преземале мерки за приведување на првопријавениот.

To top