СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ќ.А. (65) од село во општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ врз деца.
На 19.09.2025 година во образовна установа во село во општина Камењане, за време на одржување на час, пријавениот во неколку наврати насилно се однесувал кон двајца малолетници.