На 10.04.2024 во 16:30 часот во с.Тркање, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани, со судска наредба, извршиле претрес на домот и помошните простории на М.Ј.(38) од с.Тркање.
При претресот биле пронајдени и одземени еднострелно долго оружје „oрозара“ калибар 16мм, едно репетирачко долго оружје „Застава Крагуевац“ и повеќе различни видови куршуми и ловечки патрони со различен калибар.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.