СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Х.(55) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување на судска одлука“.
На 09.12.2025 во семејниот дом, пријавениот не го почитувал решението издадено од Основен суд Тетово за заштита од семејно насилство и упатувал закани на неговата сопруга.