На 20.08.2024 во 20:30 часот на локален пат од с.Боговиње кон с.Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода С.И.(37) од с.Боговиње, А.И.(34) од с.Боговиње и А.М.(43) од с.Горно Седларце.
Откако полициските службеници се доближиле до патничкото возило „сеат“ со тетовски регистарски ознаки, во кое биле лицата, А.М. растурил кокаин по патосниците во возилото, кој бил подигнат за понатамошна постапка.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.