На 16.02.2024 во 18:40 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.Ј.(41) и 28-годишната К.Ј., двајцата од Република Србија.
Приведени се затоа што по претходно недоразбирање го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.