На 28.02.2026 во 14:42 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Македонски Гемиџии” и ул.„Индустриска” во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес” со битолски регистарски ознаки, управувано од З.В.(42) од Битола и мотоцикл „лонгиа” со битолски регистарски ознаки, управуван од 17- годишник од Битола.
Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.