На 19.02.2024 во 20.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат на излез од с.Неготино, гостиварско, патничко возило „сеат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Сенокосе, гостиварско, излетало од коловозот и удрило во паркирано товарно возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на жител на с.Неготино.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од с.Сенокосе, а со телесни повреди се здобил малолетниот возач, констатирани во Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.