Хроника

Малолетник играл фудбал во двор со другарчиња: Со топката удрил повозрасна жена, го нападнала со метална шипка

Малолетник играл фудбал во двор со другарчиња: Со топката удрил повозрасна жена, го нападнала со метална шипка

На 12.04.2025 година во 22.00 часот во СВР Скопје, С.Б.(30) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 17.30 часот во двор од куќа на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот малолетен син додека играл фудбал со другарчиња, удрил со топка повозрасна жена, која потоа физички го нападнала со метална шипка, нанесувајќи му повреда на главата, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top