На 03.09.2024 во 18.14 часот во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Тетово.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од електричен тротинет на локален пат во тетовско Сараќино.
Увид извршила екипа од СВР Тетово.