Хроника увид извршила екипа од СВР Тетово

Малолетници со автомобил се забиле во ѕид, сите се здобиле со повреди

На 08.03.2024 во 20.30 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Долно Палчиште-Тетово патничко моторно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Долно Палчиште, излетало надвор од патот и удрило во ѕид.

Малолетници со автомобил се забиле во ѕид, сите се здобиле со повреди

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобиле уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

To top