Хроника Следуваат казни

Малолетници пиеле алкохол, најдена и марихуана – полицијата упадна во угостителски објекти

Во угостителски објект во с. Илинден, затекнати се 11 малолетници, при што е утврдено дека дел од малолетниците се послужени со алкохол, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Малолетници пиеле алкохол, најдена и марихуана – полицијата упадна во угостителски објекти

На подрачје на ЕВР Гази Баба во Скопје во временскиот период од 23 часот на 30.03.2024 до 06 часот на 31.03.2024 година, во содејство со Трудова инспекција, полициски службеници од СВР Скопје спроведоа акциска контрола во угостителски објекти.

Во угостителски објект во с. Јурумлери, кај едно лице пронајдена е марихуана и лицето е лишено од слобода. Од трудова инспекција изготвен е записник за нерегистрирана дејност поради непоседување на документација за угостителскиот објект.

Во угостителски објект во с. Илинден, затекнати се 11 малолетници, при што е утврдено дека дел од малолетниците се послужени со алкохол, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Од страна на трудова инспекција изготвен е записник дека дел од вработените не се пријавени согласно законот за работни односи.

To top