На 06.11.2023 во ОВР Кичево повикани се две малолетни лица од Кичево со кои, во присуство на нивните родители, претставници од Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници, извршени се службени разговори.
Тие се сомничат дека на 05.10.2023 со употреба на сила влегле во два продажни објекта во Кичево и извршиле една тешка кражба и една кражба.
Предметите што неовластено ги присвоиле, со потврда се одземени и вратени на сопствениците, а по целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.