На 05.04.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 22:00 часот во Градски трговски центар, неколку малолетници физички нападнале малолетник од Скопје и агресивно се однесувале кон три малолетнички, исто така, од Скопје.
Според пријавеното, еден од напаѓачите имал и остар предмет, но не го употребил.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.