Хроника СВР Охрид

Малолетничка тешко повредена, ја удриле со возило

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на изврши увидна екипа на СВР Охрид. 

Малолетничка тешко повредена, ја удриле со возило

На 29.09.2025 во 20:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „15 Корпус“ во Охрид, патничко возило „мазда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(66) од Охрид, удрило во малолетничка.

Таа е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што ѝ се констатирани тешки телесни повреди.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на изврши увидна екипа на СВР Охрид.

Најнови вести од Хроника

To top