СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.А.(19) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за девет кривични дела „тешка кражба“ и три кривични дела „кражба“.
Пријавениот, заедно со неговиот малолетен брат, во периодот од 04.05. до 17.08.2024, со употреба на сила и погодни предмети влегувале во објекти на подрачјето на општините Гевгелија и Богданци и ги извршиле делата.