Хроника мвр

Лишени од слобода две лица од Струга поради опожарување возило, одреден им е притвор

На 18.11.2024 постапувајќи по претходно добиена пријава на 08.11.2024 од М.Г. (36) од Охрид дека пред неговата куќа во Охрид било опожарено возило “бмв”, кое тој претходно го управувал и паркирал пред куќата, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода В.М.(24) од Струга и Р.А. (18) од с. Радолишта, Струга.

Лицата се спроведени во полициска станица, а во службениот разговор В.М. во целост го признал извршеното кривично дело.
Денеска (19.11.2024) до ОЈО Охрид е поднесена кривична пријава против двете лица за извршено кривично дело по член 288 од КЗ, и од страна на судија на претходна постапка на двете лица изречена им е мерка притвор од 30 дена.

To top