Вчера во 16:30 часот во Прилеп, на место викано „Караташ“, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.А. од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело по чл.288 од КЗ.
Тој палел жици од електрични инсталации, при што предизвикал пожар, кој бил изгаснат, соопшти МВР.
По документирање на настанот, против Р.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.